Најлошиот филм на Marvel?

Најлошиот филм на Marvel?

Marvel изминатиот викенд ни го прикажа Fantastic Four, најновата филмувана верзија на популарниот стрип. Сега во главните улоги публиката имаше можност да ги види Мајлс Телер, Мајкл Б. Џордан, Кејт Мара, Џејми Бел и Тоби Кибел, но римејкот не наиде на приемот на кој Marvel и дистрибутерот 20th Century Fox се надеваа.

fantastic-four-2

Fantastic Four заработи само 26 милиони долари по првиот викенд на прикажување во С.Америка, што е многу малку споредено со буџетот од 120 милиони долари кој беше одобрен за да се сними. Филмот исто така доби екстремно лоши критики од филмските критичари, и моментално има само 9% прифатеност на Rotten Tomatoes.

Тоа го прави критички најлошо прифатениот филм од сите досегашни на Marvel, а како за споредба ова се дел од претходните дела кои не ја воодушевија публиката.

Погледнете.

Elektra (2005) – 10% на Rotten Tomatoes
Howard The Duck (1986) – 14% на Rotten Tomatoes
Ghost Rider: Spirit of Vengeance (2012) – 17% на Rotten Tomatoes
Blade: Trinity (2004) – 25% на Rotten Tomatoes
Ghost Rider (2007) – 26% на Rotten Tomatoes
Punisher: War Zone (2008) – 27% на Rotten Tomatoes
Fantastic Four (2005) – 27% на Rotten Tomatoes
The Punisher (1989) – 28% на Rotten Tomatoes

Објавено од admin .f24 на 10 August 2015, 10:57