Најновиот хит на Netflix: Вил Смит е полицаецот од иднината во Bright

Најновиот хит на Netflix: Вил Смит е полицаецот од иднината во Bright

Вил Смит и режисерот Дејвид Ејер минатата година соработуваа на блокбастерот Suicide Squad, но оваа година двајцата се враќаат со нов проект и на нов медиум. Bright е името на најновиот заеднички филм, а Netflix е медиумот каде што ќе се прикажува.

bright2

Вил во Bright ќе биде Вард, а Џоел Еџерот Џакоби. Двајца полицајци од алтернативната иднина во која луѓето, орките и вилениците живеат заедно во општеството. Тие ќе започнат ноќна патрола на која ќе ја откријат темната страна на градот во кој што живеат.

Во останатите улоги ќе ги видиме и Номи Рапас, Едгар Рамирез, Бред Вилијам Хенки и Луси Фрај, а како ко-проуцент и сценарист на Bright се јавува Макс Лендис.

will_out

Премиерата е закажана за декември оваа година, а ова е првиот тизер:

Објавено од admin на 28 February 2017, 08:32