Нов интернационален трејлер за 300: Rise of an Empire

Нов интернационален трејлер за 300: Rise of an Empire

Warner Brothers денеска го објави вториот трејлер за 300: Rise of an Empire, продолжението на големиот хит на Зек Снајдер од 2007 година. Приказната во вториот дел се фокуриса на генералот Темистоклес и битката на неговите сили со масивната војска на Персија, предводена од Ксеркес и неговата десна рака, Артемисиа.

Во главните улоги ќе се појават Саливан Степлтон, Ева Грин, Родриго Санторо, Лина Хиди и Марк Килен. За продолжението, Зек Снајдер ќе се појави во улога на сценарист и продуцент, додека во режисерското столче ќе седне Ноам Муро (Smart People). 300: Rise of an Empire е базиран на претстојната графичка новела Xerxes на Френк Милер.

Филмот ќе се појави во кино салите на 7-ми март, следната година.

Објавено од admin на 15 August 2013, 07:53