Нов интернационален трејлер за Batman v Superman

Нов интернационален трејлер за Batman v Superman

Остануваат помалку од два месеци до премиерата на Batman v Superman: Dawn of Justice, а маркетинг машината на Warner Brothers не запира. Студиото денеска го објави новиот, интернационален трејлер за проектот на режисерот Зек Снајдер:

Во филмот ќе ги видиме: Бетмен (Бен Афлек), Супермен (Хенри Кавил), Чудесната Жена (Гал Гадо), Лекс Лутор (Џеси Ајсенберг) и батлерот Алфред (Џереми Ајронс.) Сценариото го напишаа Крис Терио и Дејвид С. Гоер.

Batman v Superman: Dawn of Justice ќе се појави во кино салите на 25-ти март.

Објавено од admin на 3 February 2016, 10:38