Нов одличен трејлер за The Hobbit: An Unexpected Journey

Нов одличен трејлер за The Hobbit: An Unexpected Journey

Пред неколку дена Питер Џексон најави дека, во чест на неделата на Толкин, ќе се појави втор трејлер за The Hobbit: An Unexpected Journey. Денеска Warner Brothers/WingNut Films го претставија трејлерот за почетокот на патувањето на Билбо Багинс и неговата дружина на џуџиња низ Средната Земја. Многу фанови со големо нетрпение го чекаа овој трејлер со оглед на фактот дека досега видовме само еден тизер кој беше објавен пред девет месеци.

An Unexpected Journey изгледа како прекрасна визуелна адаптација на романот на Џ.Р.Р. Толкин. Бидејќи поминаа девет години откако излезе The Return of the King, има доста подобрувања во технологијата на визуелни ефекти, па така, прескрасните пејсажи снимени на Нов Зеланд изгледаат уште поубаво. Погледнете го трејлерот:

Во главните улоги се појавуваат: Мартин Фример, Хуго Вивинг, Кејт Бланшет, Лук Еванс, Кристофер Ли и Иан МекКелен. Новата трилогија е во режија на Питер Џексон, а премиерата на првиот дел е закажана за 14-ти декември, оваа година. Вториот дел The Hobbit: The Desolation of Smaug ќе се појави во кино салите на 13-ти декември, 2013 година, додека пак трилогијата ќе ја заокружи The Hobbit: There and Back Again на 18-ти јули, 2014 година.

Објавено од admin на 20 September 2012, 10:10