Нов одличен трејлер за The Hobbit: The Desolation of Smaug

Нов одличен трејлер за The Hobbit: The Desolation of Smaug

Warner Brothers го објави вториот официјален трејлер за The Hobbit: The Desolation of Smaug, вториот филм од филмската адаптација на култната новела на Џ.Р.Р. Толкин, во режија на Питер Џексон.

Мартин Фримен се враќа како Билбо Багинс, Иан Мекелен како Гандалф, Ричард Амитраж како Торин Дабовштит и актерот Бенедикт Кумбербач го позајмува гласот на змејот Смауг. Нови лица се Еванџелин Лили како Тауриел, Лук Еванс како Бард и Стивен Фрај како Господар на Градот на Езерото.

Сценариото го напишаа Филипа Боенс, Френ Волш, Гилермо Дел Торо и режисерот Џексон. The Hobbit: The Desolation of Smaug ќе се појави во кино салите на 13-ти декември, додека пак третиот дел во трилогијата, The Hobbit: There and Back Again, на 17-ти декември, 2014 година.

Објавено од admin на 2 October 2013, 07:48