Марк Волберг и Двејн Џонсон во новиот постер за Pain & Gain

Марк Волберг и Двејн Џонсон во новиот постер за Pain & Gain

Paramount Pictures денеска го објави вториот официјален постер за Pain & Gain, најновиот филм на познатиот режисер Мајкл Беј. Приказната во филмот прати двајца бодибилдери во Флорида, кои се вмешани во криминални активности и шема за киднапирање која тргнува наопаку. Главните улоги ги толкуваат Марк Валберг и Двејн Џонсон, кои можеме да ги видиме на новиот постер со големо американско знаме во позадина.

Pain & Gain е режиран од единствениот Мајкл Беј (Bad Boys, The Rock, Armageddon, The Island, Transformers), додека сценариото го напишаа Кристофер Маркус и Стивен Мекфили. Оригиналната идеја за филмот се базира на статија од весник, објавена од Пит Колинс. Филмот се снимаше на локации во Мајами, Флорида и има буџет од 25 милиони долари. Премиерата на Pain & Gain е закажана за 26-ти април, следната година.

Објавено од admin на 9 December 2012, 10:03