Нов трејлер за научно фантастичната авантура Divergent

Нов трејлер за научно фантастичната авантура Divergent

Денеска го имаме новиот трејлер за Divergent, филмската адаптација на популарната новела на Вероника Рот. Филмот е уште еден проект во низата адаптации на популарни научно фантастични новели (The Hunger Games, The Maze Runner, The Mortal Instruments).

Синопсис: Приказната е сместена во иднината во Чикаго, каде општеството е поделено во пет групи. Поделбата е направена според карактерите на луѓето – искрени, храбри, интелегентни, мирни и себични. Триш Прајор е една од ретките “дивергентни”, односно не се вклопува во ниту една група. Откако случајно ќе открие заговор да се убијат сите ”дивергентни”, Триш тргнува во мисија да ги разоткрие сите инволвирани.

Во главните улоги се појавуваат Шајлин Вудли, Кејт Винслет, Меги Кју, Реј Стивенсон и Зои Кравитс. Режисер на филмот е Нил Бургер (Limitless), додека сценариото го напишаа Иан Догерти и Ванеса Тејлор.

Divergent ќе се појави во кино салите на 21-ви март, следната година.

Објавено од admin на 14 November 2013, 09:01