Нов ТВ спот за Jack Ryan: Shadow Recruit

Нов ТВ спот за Jack Ryan: Shadow Recruit

Paramount Pictures денеска го објави новиот ТВ спот за Jack Ryan: Shadow Recruit, најновиот филм за талентираниот аналитичар на ЦИА Џек Рајан, базиран на книгите на Том Кленси. Овој лик за првпат на големото платно се појави во одличниот The Hunt For Red October (го глумеше актерот Алек Болдвин), потоа продолжи со Patriot Games и Clear and Present Danger (Рајан го глумеше Харисон Форд) и последната адаптација, The Sum of All Fears, беше со Бен Афлек. Во најновата адаптација Рајан го глуми Крис Пајн (Star Trek).

Приказната  ќе се фокусира на почетоците на Рајан во ЦИА и неговата мисија во Москва, каде треба да открие терористички заговор, кој може да го уништи финансискиот систем на САД.

Покрај Пајн, во главните улоги се појавуваат Кевин Костнер, Кеира Најтли, Дејвид Палмер и Кенет Брана, кој е и режисер на филмот. Сценариото го напишаа Дејвид Коеп и Адам Козад.

Jack Ryan: Shadow Recruit ќе се појави во кино салите на 17-ти јануари.

Објавено од admin на 23 December 2013, 14:01