Нов забавен трејлер за Vehicle 19 со Пол Вокер

Нов забавен трејлер за Vehicle 19 со Пол Вокер

“You know what’s more powerful than a mean bastard with too much power? A man with nothing to lose.” Ketchup Entertainment денеска го објави вториот официјален трејлер за Vehicle 19, новиот трилер со Пол Вокер во главната улога. Приказната прати бивш затвореник кој е помилуван. По долг лет тој влегува во погрешно возило и набргу дознава дека во багажникот има врзана девојка која е сведок на суд за голем корупциски скандал.

Режијата и сценариото се на Јужно Африканецот Мукунда Мајкл Деви. Покрај Вокер, во останатите улоги се појавуваат Кејт Тили, Гис Де Вилиерс и Лејла Хајдариан. Vehicle 19 ќе се појави во кино салите во јуни.

Објавено од admin на 26 March 2013, 10:07