Нови детали за приказната во Jurassic World

Нови детали за приказната во Jurassic World

Минатиот месец започна снимањето на новото продолжение од Jurassic Park франшизата, насловено Jurassic World. Официјалниот синопсис од Universal беше доста генерален : новиот филм ќе биде сместен во денешно време на островот Исла Нублар, кој е претворен во огромен забавен парк со диносауруси. Паркот функционира беспрекорно и годишно има околу 10 милиони посетители, се додека мала грешка не предизвика катастрофални последици.

Денеска можеби дознавме која ќе биде “грешката”. Сајтот JoBlo објави нови детали од приказната – имено на островот ќе има и тајна лабораторија во која се експериментира со мутирање на ДНК на диносаурусите со ДНК на други животни. На крајот еден од хибридите ќе го тероризира паркот, кој ќе има способност да се камуфлира во околината, интелигенција како Велосирапторот, вилица како змија, а ќе биде поопасен од легендарниот Тираносаурус Рекс.

Во главните улоги ќе се појават Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Винсент Д’Онорфио, Омар Сај и Ирфан Кан. Режисер е Колин Тревороу, а сценариото го напишаа Дерек Коноли, Рик Јафа и Аманда Силвер.

Jurassic World ќе започне со прикажување во кино салите на 12-ти јуни, следната година.

Објавено од admin на 20 May 2014, 08:25