Нови слики и клипови од G.I. Joe: Retaliation

Нови слики и клипови од G.I. Joe: Retaliation

Како дел од завршната промоција, Paramount Pictures денеска објави нови слики и клипови од G.I. Joe: Retaliation. Филмот е продолжение на G.I. Joe: The Rise of Cobra, хитот од 2009 година, кој заработи над 300 милиони долари во кино салите. Во вториот дел познатите херои овојпат не се борат само против нивниот вечен непријател Командантот Кобра, туку и против заканите од самата влада, која може да го загрози нивното постоење.

Режисер на филмот е Џон М. Чу, додека сценариото го напишаа Рет Рис и Пол Верник (Zombieland). Во главните улоги се појавуваат Ченинг Татум, Реј Парк, Арнолд Восло, Џонатан Прајс, додека нови лица се Двејн Џонсон, Адриана Палички, Реј Стивенсон и легендарниот Брус Вилис. G.I. Joe: Retaliation е базиран на познатата линија на играчки на Hasbro, а филмот ќе започне да се прикажува во Cineplexx од 4-ти април.

Погледнете  ги сликите:

Заедно со сликите, Paramount објави и неколку клипови од филмот:

Објавено од admin на 24 March 2013, 14:25