Нови слики и постери од 300: Rise of an Empire

Нови слики и постери од 300: Rise of an Empire

Денеска имаме нови слики и постери од продолжението на големиот хит од 2007 година, 300. Приказната во вториот дел ќе се фокуриса на генералот Темистоклес и битката на неговите сили со масивната војска на Персија, предводена од Ксеркес и неговата десна рака, Артемисиа.

Во главните улоги ќе се појават Саливан Степлтон, Ева Грин, Родриго Санторо, Лина Хиди и Марк Килен. За продолжението, Зек Снајдер ќе се појави во улога на сценарист и продуцент, додека во режисерското столче ќе седне Ноам Муро (Smart People). 300: Rise of an Empire е базиран на претстојната графичка новела Xerxes на Френк Милер, а премиерата е закажана за 2-ри август.

Објавено од admin на 21 April 2013, 13:37