Новиот Хан Соло?

Новиот Хан Соло?

Терон Еџертон, актерот кој моментално е актуелен со акционата комедија на режисерот Метју Вон, Kingsman: The Secret Service е фаворит број 1 да го портретира младиот Хан Соло во спин-0ф филмот планиран за овој карактер од страна на Дизни.

edgerton

Според Daily Mail, овие филм ќе се фокусираат на авантурите на младиот Хан Соло, кој беше потретиран од Харисон Форд во оригиналната трилогија Star Wars на Џорџ Лукас. Дејствието исто така ќе се фокусира на тоа како Милениумскиот фалкон, стигнал во негов посед, а исто така и на непријателството со Џаба Хат.

Инаку Дизни во следните четири години планира да сними два спин оф филмови. Првиот ќе го режира Гарет Едвардс, а за овој со Еџертон се’уште нема назначено режисер.

han_solo

Двата филмови треба да пристигнат во кино-салите во 2016-та и 2018-та година, помеѓу Star Wars: Episode VIII во режија на Рајан Џонсон.

Објавено од admin .f24 на 23 February 2015, 10:10