Новиот имиџ на Џим Кери: актерот е речиси непрепознатлив во True Crimes

Новиот имиџ на Џим Кери: актерот е речиси непрепознатлив во True Crimes

Џим Кери по личните трауми кои ги претрпе во изминатите неколку месеци, поради самоубиството на неговата партнерка се враќа во јавноста, но овој пат со дел од неговиот професионален живот.

Актерот подготви нов филмски проект, а првите фотографии од него се објавени за фановите. Најновиот филм на Џим е True Crimes, трилерот во режија на Александрос Авранас. Крими трилер во кој Кери ја толкува главната улога, а покрај него ќе ги видиме и не-доволно познатите актери Мортон Скокас, Агата Кулежа, Маја Остажевска…

jim9

True Crimes ќе ја следи истрагата за убиството на моќниот бизнисмен. Сепак, самата истрага ќе добие поинаков тек кога дел од насоките, детективите ќе ги најдат во книгата на славен крими автор. Точен датум за самата премиера сеуште не е објавен, но познато е дека таа ќе се одржи следната година.

Филмот е базиран на статијата на Дејвид Грен објавена во New Yorker магазинот во 2008-ма година, а додека го очекуваме филмот, погледнете ги првите фотографии од снимањето.

jim8

jim7

jim6

jim5

jim10

jim3

jim2

jim

Објавено од admin .f24 на 30 November 2015, 10:21