Ново продукциско видео за 300: Rise of an Empire

Ново продукциско видео за 300: Rise of an Empire

Денеска го имаме новото продукциско видео за 300: Rise of an Empire, продолжението на огромниот хит на Зек Снајдер од 2006 година. Снајдер овојпат е само продуцент и ко-сценарист (со Курт Џонстад), а режијата е на Ноам Муро.

Приказната во вториот дел ќе се фокуриса на генералот Темистоклес и битката на неговите сили со масивната војска на Персија, предводена од Ксеркес и неговата десна рака, Артемисиа.

Во главните улоги се појавуваат Ева Грин, Саливан Стејплтон, Лина Хиди, Џек О’Конел и Родриго Санторо како Ксеркс.

300: Rise of an Empire ќе се појави во кино салите на 7-ми март.

Објавено од admin на 7 February 2014, 09:54