Објавена тизер слика од новиот Бетмобил

Објавена тизер слика од новиот Бетмобил

Продукцијата на Batman vs Supermen треба да започне за неколку недели, а денеска режисерот Зек Снајдер на својот официјален Twitter профил објави слика од новиот Бетмобил. Сликата е само тизер, односно поголемиот дел е прекриен, а во текот на утрешниот ден ќе биде објавен комплетниот изглед на возилото.

Новата верзија на познатиот Бетмобил изгледа ќе биде комбинација од Тамблерот од трилогијата на Кристофер Нолан (задниот дел со големите гуми и џет бустерот во средината) и постарите филмови на Тим Бартон (понизок преден дел и поголема аеродинамика).

Најверојатно Снајдер ќе ја копира стратегијата на социјални медиуми од Марк Веб и Брајан Сингер кои речиси секојдневно објавуваа слики од продукцијата на нивните проекти (The Amazing Spider-Man 2 и X-Men: Days of Future Past).

Batman vs Supermen ќе се појави во кино салите на 6-ти мај, 2016 година.

Објавено од admin на 13 May 2014, 08:10