Објавени три нови слики од Transformers 4

Објавени три нови слики од Transformers 4

Режисерот Мајкл Беј објави три нови слики од претстојното, четврто по ред, продолжение на мега-успешната франшиза Transformers. Првата слика е од добро познатиот Бамблби, додека за втората слика има неколку шпекулации. Доколку не е потполно нов Транфромер измислен за филмот, тогаш или станува збор за Ултра Магнус (братот на водачот на Автоботите Оптимус Прајм) или за Десептиконот Мотор Мастер. Третата слика е од новото Ламборџини Авентадор и нема никаква информација за кој Трансформер станува збор.

Синопсис: По настаните од Transformers: Dark of the Moon, Автоботите и Десептиконите изчезнаа од планетата Земја. Група на моќни бизнисмени и научници се обидуваат да ја декодираат технологијата оставена од нив, настојувајќи да ги поместат границите на денешната технологија. Во меѓувреме, многу стар и моќен Трансформер пристигнува на Земјата.

Transformers 4 ќе се појави во кино салите на 27-ми јуни, 2014 година.

Објавено од admin на 5 July 2013, 11:24