Од сетот на Red Sparrow: кукла наместо каскадер за Мери Луиз

Од сетот на Red Sparrow: кукла наместо каскадер за Мери Луиз

Веќе пишувавме за шпионскиот трилер Red Sparrow оваа пролет. Продукцијата започна во Букурешт, Романија, а сега се префрли во Лондон. На сетот во Романија веќе имавме можност да ја погледнеме актерката Џенифер Лоренс која ќе ја толкува главната улога, а од фотографиите од Лондон може да се забележи присуството на Мери Луиз Паркер.

jennifer5

Но, актерката за време на снимањето имаше помош и од кукла која служеше како нејзина двојничка во ризични сцени во кои ликот што Паркер го глуми е прегазен од камион.

Приказната ќе ја прати Стефани Боушер, американски сенатор кој ќе издава државни тајни на Русите. Во филмот ќе ги видиме и Џоел Еџертон, Матијас Шернец, Шарлот Ремплинг, Џереми Ајронс, Џоели Ричардсон, а за режијата се погрижи Френсис Лоренс.

mary2

Премиерата на Red Sparrow е закажана за 2-ри март следната година, а ова е Мери Луиз Паркер (и куклата двојник) на сетот во Лондон.

mary

mary3

mary4

mary6

mary7

Објавено од admin на 8 May 2017, 09:15