Официјално: Spider-Man е дел од Avengers

Официјално: Spider-Man е дел од Avengers

Disney’s Marvel Studios склучи договор за партнерство со Sony Pictures со кој Spider-Man официјално станува нов член на Марвел Универзумот (MCU).

Avengers-2-Age-of-Ultron-Wallpaper-Feat-Spider-Man-by-SteamBlust-1024x576

Овој договор конечно ги стивна сите шпекулации и огромните барања од фановите кои се појавија по социјалните мрежи, со што и на двете компании им се овозможи да постават сосема нови дирекции на своите франшизи и секако да споделат определени карактери низ нив.

Договорот ќе им овозможи на Sony да ја рестартираат Spider-Man франшизата која чекореше по стрмна надолна линија, и тоа со најверојатно новиот наслов The Spectacular Spider-man, но овој пат со нова и освежена поддршка од штабот на Marvel.

Додека уште не е сигурно дали Spider-Man ќе има позначајна улога во случувањата од новото продолжение на Captain America: Civil War наредната година, пред да го добие и својот нов филм во 2017-та, почнаа да се шират гласини дека можно е негово камео уште во долгоочекуваното ново продолжение на Avengers, насловено Age of Ultron.

Според IGN и нивната креативна визија, тоа би изгледало вака:

Објавено од Мартин Чалакоски на 6 March 2015, 19:00