Официјален постер за Star Wars: The Force Awakens

Официјален постер за Star Wars: The Force Awakens

На само 2 месеци до премиерата на Star Wars: The Force Awakens, пристигна и најновиот официјален постер за филмот во режија на Џеј Џеј Абрамс.

На постерoт покрај новите ликови (и актери) може да се погледнат и дел од добро познатите ликови како Ханс Соло (Харисон Форд), принцезата Леа (Кери Фишер) и Чубака (Питер Мејхју), но исто така и главниот негативец Кајло Рен (Адам Драјвер) кој за прв пат ќе имаме можност да го погледнеме.

star_wars

Во Star Wars: The Force Awakens ќе ги видиме одличните Оскар Ајсак, Домнал Глисон, Џон Бојега, Дејзи Рајдли, Енди Серкис, Лупита Н’Јонго и Гвендолин Кристи.

Последниот трејлер за The Force Awakens се очекува да биде објавен онлајн доцна денеска.

За сценариото се погрижија Абрамс, Лоренс Касдан и Мајкл Арднт, а премиерата е закажана за 18-ти декември.

Погледнете го постерот и новиот тизер.

star_wars

Објавено од admin .f24 на 19 October 2015, 09:02