Официјален трејлер за Star Wars: The Force Awakens

Официјален трејлер за Star Wars: The Force Awakens

“A long time ago in a galaxy far, far away…” Пристигна. Лукасфилм го објави официјалниот трејлер за првиот дел од новата Star Wars трилогија, наречен The Force Awakens.

Во видеото може да ги видиме новите херои (Џон Боега, Дејзи Ридли), Сит Лорд (најверојатно Адам Драјвер) и фантатичен кадар од Милениумскиот Сокол.

Главните улоги ги толкуваат Оскар Ајзакс, Адам Драјвер, Харисон Форд, Марк Хамил, Кери Фишер, Лупита Нионго и Макс вон Сидоу. Режијата е на Џ.Џ. Абрамс, кој го напиша и сценариото заедно со Лоренс Касдан.

Star Wars: Episode VII ќе се појави во кино салите на 18-ти декември, следната година.

Објавено од admin на 28 November 2014, 17:48