Подгответете се за уште Transformers филмови

Подгответете се за уште Transformers филмови

Минатогодишниот Transformers: Age of Extinction можеби доби ужасни критики од филмските новинари, но заработи над 1 милијарда долари на бокс офисот.

Финансискиот успех на четвртиот дел од франшизата, режиран од Мајкл Беј, дозволи уште 4 дополнителни филмови да пристигнат во кино-салите, а веста ја потврди и Стивен Дејвис, директорот на Hasbro Studios.

transformers

Дополнителните 4 филма од Transformers франшизата треба да пристигнат во кино-салите во наредната декада. Не е познато дали Мајкл Беј ќе прифати да режира некои од предвидените филмови, бидејќи иако ги режираше првите 4, тој не потпишал договор за ниту еден друг, а не е ниту во првични преговори за тоа.

Сите Transformers филмови, имаат вкупна заработна од 3.8 милијадри долари на бокс офисот, а најавените нови филмови од франшизата ќе бидат напишани од повеќе сценаристи, сите надгледувани од оскаровецот Акива Голдсман.

Објавено од admin .f24 на 7 October 2015, 10:18