Пол Вокер ќе глуми во новата адаптација на Hitman

Пол Вокер ќе глуми во новата адаптација на Hitman

Hitman, популарната видео игра на студиото Square Enix доби филмска адаптација во 2007 година. Главната улога, во филмот кој заработи речиси 100 милиони долари во кино салите, ја толкуваше Тимоти Олифант. Овој износ не беше доволен филмот да добие продолжение.

Денеска, Fox International Productions објави дека планираат да продуцираат нов филм базиран на успешната видео игра, кој ќе биде насловен Agent 47. Актерот Пол Вокер, кого ќе го гледаме во претстојниот Fast & Furious 6, ќе ја толкува главната улога. Режисер ќе биде Александер Бах (негов прв филмски проект), додека сценариото ќе го пишува Скип Вудс (сценарист на оригиналниот Hitman од 2007 година, како и на Swordfish, The A-Team, X-Men Origins: Wolverine, A Good Day to Die Hard).

Снимањето ќе започне во јуни, и ќе се одвива на локации во Берлин и Сингапур. Се уште нема информации за останатите членови на актерската екипа или за датум на премиера. Fox се надева дека Agent 47 ќе претставува старт на нова филмска франшиза за студиото.

Објавено од admin на 6 February 2013, 10:22