Последниот „ловец на вештерки“

Последниот „ловец на вештерки“

Вин Дизел ќе лови вештерки оваа година, а новиот трејлер за хорор/трилерот во режија на Брек Ејснер The Last Witch Hunter, конечно е објавен за фановите.

vin2

Актерот кој оваа година го видовме во Furious 7, сега ќе биде Каулдер, бесмртен ловец на вештерки и демони кој низ годините и вековите си го посветува времето убивајќи ги чудовиштата од темнината. Но, сега за да ја исполни мисијата во 21-от век ќе мора да се здружи со прекрасна и моќна вештерка, нешто што никогаш не мислел дека ќе го направи.

Покрај Вин Дизел, во останатите улоги ќе ги видиме и Роуз Лесли, Илајџа Вуд, Рина Овен и двојниот Оскаровец Мајкл Кејн.

last-witch-hunter-vin-diesel

Премиерата на The Last Witch Hunter е закажана за 23-ти октомври, а ова е првиот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 7 August 2015, 10:20