Потребата за брзина ќе продолжи

Потребата за брзина ќе продолжи

Need For Speed, минатогодишниот акционен трилер ќе добие продолжение благодарение на кинески инвеститори.

Филмската адаптација на култната видео игра пристигна во кино-салите ширум светот минатата година, со Арон Пол, Доминик Купер и Имоџен Потс во главните улоги, а филмот ќе добие и втор дел.

need-for-speed2

Филмот заработи 200 милиони долари во кино-салите во ширум светот но, беше огромен хит во Азија, особено во Кина, еден од најголемите маркети за продажба на билети и DVD, па токму поради овој успех, вториот дел ќе биде американско-кинеска продукција.

China Movie Channel, Jiaflix и 1905 Pictures ќе бидат дел од финансиерите, кои ќе се здружат со Electronic Arts, оригиналниот издавач на видео играта, за да го создадат продолжението.

Вториот дел сега нема ниту име, ниту режисер, сценарист, а не е познато дали и кои од актерите од првиот ќе се вратат. The Wrap објави дека продукцијата на продолжението ќе започне кон крајот на годинава, но не е познатата датата на премиерата.

Need-for-Speed

Објавено од admin .f24 на 9 April 2015, 12:42