Познат насловот на новиот Spider-Man филм

Познат насловот на новиот Spider-Man филм

За време на нивниот панел на Comic Con во Лас Вегас, студиото Сони го објави официјалниот наслов на новиот филм за Спајдермен. Насловот е Spider-Man: Homecoming. Како што објасни извршниот директор, Том Ротман, името има двојно значење. Првото е референца за познатиот средношколски настан, а второто враќањето на овој карактер кај Марвел и нивниот филмски универзум.

Сони го продуцира филмот заедно со Марвел, а најновата верзија од познатиот супер-херој (глумен од Том Холанд) за првпат ќе се појави во Captain America: Civil War, следниот месец.

c1syoaxvsbv4bbaiecld

Режијата му е доделена на Џон Вотс (Cop Car), а сценариото го напишаа Џон Френсис Дејли и Џонатан М. Голдстајн. Покрај Холанд, во главните улоги ќе ги видиме Мајкл Китон, Мариса Томеи и тинејџ ѕвездата Зендаја.

Инаку сајтот Birth.Movie.Death објави дека негативец во филмот ќе биде Вултур. Паметен потег од студиото, бидејќи овој карактер досега не се појавувал во филмските адаптации на Спајдермен.

Spider-Man: Homecoming ќе се појави во кино салите на 7-ми јули, следната година.

Објавено од admin на 14 April 2016, 08:53