Pride & Prejudice & Zombies – високото друштво против живи мртовци

Pride & Prejudice & Zombies – високото друштво против живи мртовци

Денеска го имаме официјалниот трејлер за Pride & Prejudice & Zombies, филмската адаптација на истоимената книга од Сет Греам-Смит, која всушност е прераскажување на класиката од Џејн Остин, но во зомби стил.

Младата актерка Лили Џејмс ја глуми Елизабет Бенет, која заедно со нејзините сестри тргнува во мисија ја да ослободи Викторијанска Англија од наездата на живите мртовци.

Покрај Џејмс, во главните улоги ќе ги видиме и Лина Хиди, Ели Бамбер, Мет Смит, Сем Рајли и Суки Вотерхаус. Режијата и сценариото се на Бар Стирс.

Pride & Prejudice & Zombies ќе се појави во кино салите на 5-ти февруари, следната година.

Објавено од admin на 14 October 2015, 07:05