Прв епски трејлер за Pacific Rim на Гилермо Дел Торо

Прв епски трејлер за Pacific Rim на Гилермо Дел Торо

По виралното видео кое беше објавено пред две недели, денеска го имаме и првиот официјален трејлер за Pacific Rim, најновиот 3Д сф блокбастер на режисерот Гилермо Дел Торо (Pan’s Labyrinth, Blade II, Hellboy). Приказната во филмот е следна: огромни чудовишта наречени Каиџу, се појавуваат од Пацифичкиот Океан и ја напаѓаат Земјата. Со цел да ја запрат инвазијата, луѓето дизајнираат џиновски роботи наречени Џагери. Погледнете го импресивниот трејлер, кој ни прикажува само мал дел од спектаклот и акцијата која треба да ја очекуваме од овој проект, кој чини 150 милиони долари:

Во главните улоги се појавуваат Чарли Ханам, Рон Перлман, Идрис Елба, Макс Мартини и Ринко Кикучи. Сценариото го напиша Тревис Бичам. Pacific Rim ќе се појави во кино салите на 12-ти јули, следното лето.

Заедно со трејлерот е објавен и првиот постер за филмот:

Објавено од admin на 13 December 2012, 09:10