
Прв поглед на новите ликови од Jumanji 2
Најавата за продолжението на култната авантура Jumanji не ги воодушеви фановите на оригиналот, но филмот во режија на Џејк Каздан започна со снимање.
По повод првиот ден на продукција, актерот и комичар Кевин Харт сподели фотографија од 4-те ликови (вклучувајќи го и неговиот) како облечени во костимите се на сетот на Jumanji 2.
Од фотографијата покрај Кевин Харт може да се забележат и Двејн Џонсон, Карен Гилијан и Џек Блек, а покрај четворицата за сега е потврдено присуството и на Ник Џонас во филмот.
Премиерата на Jumanji 2 е закажана за 28-ми јули, следната година, а како изгледаат 4-та актери на првиот ден на снимање?
Погледнете.