Прв поглед: Thor: The Dark World

Прв поглед: Thor: The Dark World

Продукцијата на продолжението на Thor започна оваа недела во Англија и денеска ги имаме првите слики од сетот, каде режисерот Алан Тејлор (Game of Thrones) снима огромна сцена во која Асгардијците се борат со Мрачните Виленици, негативците во филмот. Од сликите може да заклучиме дека, за разлика од првиот дел, ќе гледаме пореална, “средновековна” епска борба и акција, во стил на Lord of the Rings филмовите. Се уште нема официјален синопсис за филмот, меѓутоа, доколку им веруваме на шпекулациите, приказната ќе го прати Локи кој е донесен во Асгард за да му се суди за делата кои ги направи во Тhe Avengers.

Сценариото за вториот дел е на Дон Пејн и Роберт Родат (Saving Private Ryan, The Patriot, Falling Skies). Во главните улоги се појавуваат Крис Хемсворт, Натали Портман, Ентони Хопкинс, Идрис Елба, Реј Стивенсон и Том Хидлстон. Премиерата на Thor: The Dark World е на 8-ми ноември, 2013 година.

Погледнете ги сликите:

Објавено од admin на 13 September 2012, 12:43