Прв постер и синопсис за Fast and Furious 6

Прв постер и синопсис за Fast and Furious 6

Првиот трејлер за шестото издание од Fast and Furious франшизата ќе биде објавен вечерва, за време на Super Bowl-от. Во меѓувреме, Universal Pictures го објави првиот тизер постер за филмот, кој може да го видите подолу. Заедно со постерот, беше објавен и официјалниот синопсис: Откако Дом и Брајан украдоа 100 милиони долари во Рио, екипата се раздели низ светот. Меѓутоа, не можат да се вратат во нивните домови и да живеат спокоен живот. Во, меѓувреме, Хобс трага по организација на платеници, кои се предводени од Овен Шо. Негов заменик е немилосрдната Лети, големата љубов на Дом. Единствен начин да ја запрат оваа организација е да ги победат на улицата. Па така, Хобс бара помош од Дом и неговата екипа. Наградата е целосно помилување за сите и можност да се вратат дома.

Режисер на филмот е Џастин Лин, додека сценариото го напиша Крис Морган. Во главните улоги се појавуват Вин Дизел, Двејн Џонсон, Пол Вокер, Џордана Брустер, Мишел Родригез, Џина Карано, Лук Еванс и Тајрис Гибсон. Fast and Furious 6 ќе се појави во кино салите на 24-ти мај.

 

Објавено од admin на 3 February 2013, 15:41