Прв трејлер за адаптацијата на Vampire Academy: Blood Sisters

Прв трејлер за адаптацијата на Vampire Academy: Blood Sisters

“I don’t know about you, but my school can get a little insane.” The Weinstein Company го објави првиот официјален трејлер за претстојната филмска адаптација на новелата Vampire Academy: Blood Sisters. Досега од овој серијал, чиј автор е Рејчел Мид, има објавено шест книги кои се продадени во над 8 милиони примероци.

http://youtu.be/Fys2gS3x4qs

Приказната во Blood Sisters ја прати Роуз Хетавеј, која е “полу-вампир” на Академијата Св. Владимир, каде младите вампири ги учат како правилно да ги користат своите моќи. Роуз има задача да ја заштити нејзината најдобра пријателка, Лиса, која воедно е и вампирска принцеза, а во меѓувреме се вљубува и во нејзиниот инструктор, Димитри. Во книгата се појавуваат и Стригои, злобна бесмртна раса, кои претставуваат голема закана за младите вампири.

Режисер на филмот е Марк Вотерс (Mean Girls, Freaky Friday, The Spiderwick Chronicles), а сценариото го напиша неговиот брат Даниел Вотерс. Во главните улоги се појавуваат Олга Кириленко, Зои Дач, Луси Фрај и Данила Козловски.

Vampire Academy: Blood Sisters ќе се појави во кино салите на 14-ти февруари, следната година.

Објавено од admin на 15 August 2013, 08:37