Прв трејлер за Dawn of the Planet of the Apes

Прв трејлер за Dawn of the Planet of the Apes

Fox го објави првиот трејлер за Dawn of the Planet of the Apes, продолжението на Rise of the Planet of the Apes, кој се појави во 2011 година. Дејствието се одвива 15 години по настаните во првиот филм и се фокусира на група научници кои настојуваат да преживеат во Сан Франциско, како и на Цезар, кој се бори да ја зачува контролата врз неговото “кралство”.

Џејмс Франко нема да се врати за продолжението, а нови лица се Гери Олдман, Џејсон Кларк, Кери Расел и Џуди Грир. Енди Серкис (преку motion capture) се враќа во улогата на Цезар. Режисер е Мет Ривс, а сценариото го напишаа Марк Бомбак, Рик Јафа и Аманда Силвер.

Dawn of the Planet of the Apes ќе се појави во кино салите на 11-ти јули, следната година.

Објавено од admin на 18 December 2013, 15:17