Прв трејлер за Taken 3 – Брајан Милс се враќа

Прв трејлер за Taken 3 – Брајан Милс се враќа

“I’m going to finish this.” Во последните сцени од Taken 2, Брајан Милс се помири со неговата жена и отуѓена ќерка и изгледаше дека ќе живеат среќно до крајот на животот. Меѓутоа, денеска го имаме првиот официјален трејлер за Taken 3, од кој дознаваме дека Милс е наместен за убиство на неговата бивша жена и е принуден да бега од властите.

Режијата е на Оливие Мегатон, а сценариото го напишаа Лук Бесон и Роберт Марк Камен. Покрај Нисон, во главните улоги ќе се појават Фамке Јенсен, Меги Грејс, Форест Витакер и Дагреј Скот.

Taken 3 (официјалниот наслов, верувале или не, е Tak3n) ќе се појави во кино салите на 9-ти јануари, следната година.

Објавено од admin на 1 October 2014, 07:52