Прв забавен трејлер за Hansel and Gretel: Witch Hunters

Прв забавен трејлер за Hansel and Gretel: Witch Hunters

Paramount и MGM конечно ни го претставија првиот официјален трејлер за фантазијата Hansel and Gretel: Witch Hunters, во која глумат Џереми Рајнер и Џема Атертон, како новите Хансен и Гретел. Судејќи по трејлерот филмот ќе ни понуди многу забава која вклучува вештерки кои пукаат од гетлинг пушки, многу експлозии, комедија и крвава акција (уште една позитивна вест е најавата дека филмот ке добие сертификат “R”). Погледнете го трејлерот:

Hansel and Gretel: Witch Hunters е во режија на Норвежанецот Томи Виркола, кој го напиша и сценариото заедно со Данте Харпер. Покрај двајцата главни протагонисти во филмот се појавуваат и Фамке Јансен (како вештерка), Питер Стормер и Зои Бел. Продуценти се Вил Фaрел и Адам Мекеј. Премиерата е закажана за 18 јануари, 2013 година.

Објавено од admin на 5 September 2012, 00:10