Првиот трејлер за The Dark Tower e тука и е интензивен

Првиот трејлер за The Dark Tower e тука и е интензивен

Идрис Елба оваа година ќе го погледнеме во Marvel хитот, Thor: Ragnarok, но и во СФ вестернот во режија на Николај Арсел, The Dark Tower. И иако имавме можност до сега да го погледнеме првиот трејлер за Thor: Ragnarok, конечнo објавен и првиот трејлер за The Dark Tower.

the-dark-tower3

Станува збор за филмска адаптација на истоимената книга од Стивен Кинг, а Елба во неа ќе ја толкува улогата на Роланд Дешан. Негативец во филмот ќе биде оскаровецот Метју Меконахи, а во останатите улоги ќе ги видиме и Том Тејлор, Кетрин Виник, Џеки Ерли Хејли, Аби Ли Кершоу и Клаудија Ким.

the-dark-tower5

Веќе пишувавме за различните аспекти на самата продукција и ви прикажавме и сет фотографии од самото снимање во Ј. Африка и Њујорк, а ова е првиот возбудлив трејлер за The Dark Tower. Премиерата е закажана за 4-ти август.

Објавено од admin на 3 May 2017, 10:45