Првите реакции од The Amazing Spider-Man 2

Првите реакции од The Amazing Spider-Man 2

Sony Pictures вчеда го одржа првото тест прикажување на продолжението на The Amazing Spider-Man, а веќе се појавија и првите реакции на Twitter. Најголемиот дел се позитивни, меѓутоа, има и доста фанови на Спајдермен кои се разочарани од филмот. Разочарувањето најмногу се должи на појавувањето на премногу негативци и обидот на Sony неуспешно да го копија филмскиот модел на Marvel, додека како позитивна страна се истакнува актерот Ендру Гарфилд и “хемијата” со главната актерка Ема Стоун.

– Навистина уживав во филмот. Ендру Гарфилд е фантастичен. Филм кој најдобро го отсликува стрипот за Спајдермен.

– The Amazing Spider-Man 2 беше речиси одличен. Иако е вложено премногу напор да наликува на The Avengers, сепак филмот е забавен.

– Хемијата помеѓу Гарфилд и Стоун е неверојатна!

– Возбудлив, смешен, интригантен и емотивен филм.

– Права мешаница од филм. Воопшто не ми се допаѓа.

– Навистина неверојатен филм. Овој филм за Спајдермен ќе направи она што Skyfall направи за Џејмс Бонд.

– Големи дебели пет ѕвезди од мене за филмот.

– Подобрување во однос на првиот дел во секој поглед.

Објавено од admin на 9 April 2014, 08:09