Рецензија: Elysium

Рецензија: Elysium

Нил Блумкамп по многу восхитувачкиот District 9 продолжува со друга научно фантастична апартхејдт парабола чии дистописки дизајн е на прв поглед изненадувачко и блескаво, но полека се претвара во спектакуларно и акционо филмско клише во кое идеите се ирелевантни. Еден век од сега, Лос Анџелес е руинирано МЕГАГЕТО населено со претежно латино пониска класа, кои се надгледувани од страна на брутални дроиди директно излезени од Robocop и Total Recall. Луѓето работат напорно во нуклеарни фабрики за да ги обезбедат потребите за богатите кои живеат во луксузно, вештачко и вселенско живеалиште наречено Elysium.

Џоди Фостер е Делакорт, шефот за безбедност која има задача да го чува Elysium од илегалните имигранти од Земјата кои што се обидуваат да пристигнат во нивните кревки вселенски летала. На Земјата, Мет Дејмон го глуми Макс, обичниот сиромашен човек кој еднаш и вети на неговата симпатија од детството Фреј (Алис Брага) дека ќе ја однесе на ветената земја – Elysium. Преку очајнички обиди во насилен криминал, можеби ке го исполни тоа ветување.

Ништо во филмот не може да се мери со фасцинантното 10 минутно отварање: непречениот статус кво е хипнотичен. Откако филмската нарацијата ќе излезе од употреба, сепак, дистинктивниот квалитет на филмот се губи. Сакаме повеќе да дознаеме за обичниот ден-за-ден живот во оваа елитистичка колонија и нејзината Кубрицидна структура во облик на тркало. Но фрустрирачки, има малку или ништо за самиот Elysium, а акцентот е повеќе на борбата на Макс со Кругер (Шарлто Копли), злобен оперативец вработен од страна на Делакорт. Нивните брутални, мачо пресметки можеа да се видат на речиси секој сличен филм. Иако Elysium е сведоштво за вонредните вештини кои Блумкамп ги поседува како визуелен режисер, тоа не зборува толку добро за неговите таленти како сценарист.

Објавено од admin на 6 October 2013, 13:26