Римејкот на Godzilla започна со продукција

Римејкот на Godzilla започна со продукција

Вчера попладне во Ванкувер започна продукцијата на новиот филм за познатото чудовиште Годзила. Режисер на филмот е Гарет Едвардс (кој ја доби оваа работа благодарение на неговиот независен проект Monsters), додека продукцијата е на студиото Legendary Pictures. Едвардс објави и кратко видео од првиот ден на снимањето, кое може да го погледнете подолу:

Во главните улоги ќе се појават Арон Тејлор-Џонсон, Елизабет Олсен, Џулиет Бинош, Кен Ватанабе и Брајан Кранстон. Сценариото го напишаа Френк Дарабонт, Макс Борнстеин и Дејв Калахан. Сеуште нема никакви детали за приказната. Godzilla ќе се појави во кино салите на 16-ти мај, следната година.

Заедно со видеото се појавија и првите слики од сетот, каде може да видиме воени возила и урнат хелихоптер:

Објавено од admin на 20 March 2013, 10:27