Роберт Патисон е на мисија во Good Time

Роберт Патисон е на мисија во Good Time

Роберт Патисон беше еден од најсаканите секс симболи и најбарани актери по премиерата на Twilight пред речиси 1 декада.

goodtime3

Но, сега Патисон не само што се враќа на одличните филмски проекти, неговото враќање со најновиот филм го направи еден од фаворитите за победа на Филмскиот фестивал во Кан. Good Time е името на филмот на браќата Бен и Џош Сафди во кој Патисон ќе биде Константин „Кони“ Никас.

Good-Time-620x310

Крадец на банки кој треба да го извади братот од затвор откако бил фатен во неуспешен грабеж. Времето нема да работи во негова корист, а тоа што ќе треба да го направи за да го извади братот од затвор ќе го промени засекогаш.

Во останатите улоги на Good Time ќе ги видиме и Баркхад Абди и Џенифер Џејсон Ли, а по премиерата на Кан, лимитирана кино проекција во С. Америка ќе има на 11-ти август. Погледнете го првиот трејлер, еден од фаворитите за награди во Кан:

Објавено од admin на 17 May 2017, 07:35