Rogue Nation: Том против „своите“

Rogue Nation: Том против „своите“

Првиот тизер за 5-то продолжение на Mission Impossible, сега насловено Rogue Nation, е објавен на огромно задоволство на сите фанови.

Тизерот за Rogue Nation е првиот поглед на најновиот дел од франшизата која трае веќе 19 години. Во новото продолжение ќе имаме можност повторно да го видиме Том Круз во улогата на Итан Хант, агентот на IMF. Сега неговиот живот, но и на сите инволвирани со IMF, ќе бидат ставени во опасност од агентите на „синдикатот“, фракција на IMF, која има за цел да ја уништи организацијата.

tom

Покрај Том, свое враќање во франшизата ќе имаат и Сајмон Пег, Винг Рејмс, а како „тазе“ актери во 5-то продолжение ќе ги видиме и Ребека Фергусон, Шон Харис и Алек Болдвин.

Режијата на Rogue Nation му беше доделена на Кристофер Меквери, сценаристот и оскаровец на кој ова ќе му биде трети филм како режисер, a Меквери и Круз претходно соработуваа и на филмовите Jack Reacher, Valkyrie, Edge of Tomorrow.

tom3

Премиерата можеме да ја очекуваме на 31-ви јули оваа година.

Погледнете го одличниот трејлер за Mission Impossible: Rogue Nation.

Објавено од admin .f24 на 23 March 2015, 11:26