Русите навистина не го сакаат Спајдермен во Civil War

Русите навистина не го сакаат Спајдермен во Civil War

Не, не станува збор за Том Холанд, младиот актер која ја доби улогата на Питер Паркер/Spider-Man во Captain America: Civil War.

Руските фанови и голем дел од публиката која пристигна во кино салите ширум оваа земја да го погледне филмот на браќата Русо не беа задоволни од Владимир Канухина, актерот кој се погрежи за сихнронизацијата на гласот на Том Холанд на руски.

spider

Тие толку не биле задоволни од Канухина, што основале и петиција во која бараат друг актер да ги прави синхронизациите на ликовите во другите Марвел филмови.

-Влaдимир не е соодветен избор за гласот на Спајдермен. Да тој е тинејџер и звучи помладо од останатите ликови, но тоа не значи дека треба да звучи како 10-годишно дете, беа најголемиот дел од поплаките.

captain-america-civil-war-iron-man-slice-600x200

Петицијата на change.org е моментално затворена бидејќи за кратко време беа собрани потребните потписи и испратени до кастинг агенцијата која го ангажирала Канухина.

Објавено од admin .f24 на 14 June 2016, 08:16