Шварценегер и Сталоне глумат заедно во The Tomb

Шварценегер и Сталоне глумат заедно во The Tomb

Summit Entertainment денеска ги прикажа првите слики од сетот на новиот филм на Микаел Халстром, The Tomb. Во филмот глумат две икони на акциските филмови од 80-тите и почетокот на 90-тите години, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне. Во The Tomb, Сталоне го глуми Реј Бреслин, светски познат архитект на затвори со максимално ниво на обезбедување. Откако ќе биде наместен за злочин кој не го направил, Реј ќе биде сместен во затвор што самиот го дизајнирал. Тој ќе мора да ги употреби своите вештини за да побегне и да им се одмазди на оние што го сместиле позади решетките.

Во филмот покрај двете ѕвезди глумат и: Сем Нил, Вини Џонс, раперот 50 Cent, Џим Кавиезел, Ејми Рајан, Фаран Тахир и Лидија Хол. Сценариото е на Мајлс Чепмен и Џејсон Келер, додека премиерата на филмот е закажана за 27-ми септември, 2013 година.

Погледнете ги сликите од сетот:

Објавено од admin на 1 October 2012, 13:40