Силвестер Сталоне работи на Rambo 5

Силвестер Сталоне работи на Rambo 5

Веќе подолго време се појавуваат гласини за петтото продолжение од култната франшиза Rambo. Најпрвин Силвестер Сталоне сакаше да додаде сф елементи на приказната, а потоа сакаше да направи приквел и да најми помлад актер да го глуми Џон Рамбо. На крај, ни една од овие опции не се оствари.

Денеска сајтот iFIlm ја објави веста дека познатиот актер повторно работи на сценариото. Оригиналниот извор на оваа вест е филмската инвестициска компанија која би требало да е еден од продуцентите на новото продолжение. Подолу е оригиналното соопштение:

“Со Rambo V Силвестер Сталоне се враќа на една од неговите најпрепознатливи улоги. Овој пат тој се соочува со опасен Мексикански нарко картел. Сталоне го опишува ова продолжение како негова верзија на No Country for Old Man. Продуцент е Ави Лернер.”

Во едно од претходните интервјуа, актерот изјави дека доколку направи нов филм за Рамбо, херојот нема да преживее. Ова донекаде се потврдува со референцата за No Country for Old Man.

Објавено од admin на 24 June 2014, 08:09