Џон Вилијамс е композитор на Star Wars: Episode VII

Џон Вилијамс е композитор на Star Wars: Episode VII

Легендарниот филмски композитор Џон Вилијамс се враќа да ја компонира музиката за најновиот Star Wars филм, кој треба да се појави во 2015 година. Кетлин Кенеди, продуцентката на новата трилогија и главен извршен директор на Lucasfilm, за време на настанот Star Wars Celebration Europe, и официјално потврди дека Вилијамс е композиторот на новиот филм.

Инаку Вилијамс, кој има 81 година, е еден од најпознатите филмски комозитори и има работено на огромен број проекти како: Jaws, Superman, Dracula, Raiders of the Lost Ark, Home Alone и Jurassic Park.

Режисер на Star Wars: Episode VII е Џ.Џ. Абрамс, додека сценариото го пишува Мајкл Арндт. Снимањето треба да започне на почетокот на следната година во Лондон.

Објавено од admin на 28 July 2013, 11:00