Star Wars Episode VIII доби нова официјална премиера

Star Wars Episode VIII доби нова официјална премиера

Премиерата на новото Star Wars продолжение која беше закажана за мај 2017-та е одложена за нецели 7 месеци. Сега, официјално Episode VIII премиерно во кино салите ќе се појави на 15-ти декември, 2017-та.

Претходно закажаната стара дата ќе биде пополнета со премиера на продолжение од друга популарна франшиза. Станува збор за Pirates of the Caribbean и новиот дел Dead Man Tell no Tales.

Внатрешни извори од Дизни велат дека одлуката да се помести датумот за премиера доаѓа од огромниот успех кој The Force Awakens го имаше низ празничните викенди, па студиото се решило и новото продолжение да го добие истиот божиќен третман.

Со ова студиото стратешки ја одвојува оваа од премиерата на вториот дел на Guardians of the Galaxy (5-ти мај, 2017), кое исто така се здобива со огромен интерес од јавноста, со што студиото го разбива тесниот распоред за мај, месец во кој требаше да ги гледаме Guardians of the Galaxy 2, Star Wars: Episode VIII и Cars 3.

Рајан Џонсон ја превзема режисерската палка од Џеј Џеј Абрамс и должноста да ја продолжи приказната на ноvите ликови и интригата која се начна со The Force Awakens, кој сеуште руши рекорди како во САД, така и на интернационално ниво.

Објавено од Мартин Чалакоски на 21 January 2016, 10:26