Star Wars: The Last Jedi трејлерот е конечно тука и е фантастичен!

Star Wars: The Last Jedi трејлерот е конечно тука и е фантастичен!

Star Wars: The Last Jedi официјалниот трејлер за филмот во режија на Ријан Џонсон беше денеска конечно објавен, и со него фановите на Star Wars Celebration конвенцијата (по повод 40-годишнината од премиерата на првиот Star Wars филм) имаа можност да го погледнат првиот видео промотивен материјал за долго очекуваниот филм.

last_jedi1

Ликовите од Star Wars Awakens, По, Реј и Фин се повторно тука, а можеме да го видиме и појавувањето на Лук Скајвокер (Марк Хамил) но и на Кајло Рен (Адам Драјвер) во нова акција.

star_wars5

Покрај Дејзи Рајдли, Џон Бојега, Оскар Ајсак, Марк Хамил, Адам Драјвер, свое појавување во Star Wars: The Last Jedi ќе има и Доналд Глисон, покојната Кери Фишер, Лупита Нјонго, Енди Серкис, Лора Дерн и Бенисио дел Торо.

last_jedi

Премиерата на Star Wars: The Last Jedi е закажана за 15-ти декември, а ова е првиот официјален трејлер.

Погледнете.

Објавено од admin на 14 April 2017, 18:39