Стивен Колберт го предвиде со сигурност заплетот на The Force Awakens… а тој е?

Стивен Колберт го предвиде со сигурност заплетот на The Force Awakens… а тој е?

Star Wars, попопуларен од било кога до сега. Речиси сите, старата гарда и новата млада генерација се во исчекување на крајот на годинава и настанот кој ке ја одбележи. Премиера и новиот лет на стариот милениумски фалкон.

Millennium-Falcon-fan-art-by-ChrisToumanian

16-ти декмеври е денот кога ќе можеме повторно да ги видиме старите и омилени Хан Соло и Чубака, неколку нови и еден мистериозен лик во новиот и апсолутно непознат заплет од продолжението на кое се чека веќе цели три декади и кое оркестрирано од Џеј Џеј Абрамс се надеваме ќе понуди возбудлив епилог на последните секунди од Return of The Jedi.

Продуцентската тактика да се кријат информации од јавноста доведе до многу нагаѓања и шпекулации за приказната и значењето на малкуте тизери и единствениот комплетен трејлер за филмот, а во цела таа информациска магла водителот на Late Show Стивен Колберт понуди свое лично толкување на трејлерите и фрли ново светло за мистеризниот заплет. Апсолутно сигурен во своето уверување, Стивен го изјави ова:

Објавено од Мартин Чалакоски на 29 October 2015, 18:05