Сцена од Batman vs Supermen ќе се снима овој викенд

Сцена од Batman vs Supermen ќе се снима овој викенд

Во јули, за време на Comic Con во Сан Диего, студиото Warner Brothers објави дека ќе започне со работа на Batman vs Superman филм, во кој ќе се соочат двата најпознати суперхерои. Следниот месец беше објавено дека Бен Афлек е новиот Бетмен, а Хенри Кавил ќе ја репризира улогата на Човекот од Челик. За режијата и сценариото се враќаат Зек Снајдер и Дејвис С. Гоер.

Снимањето на амбициозниот проект нема да започне се до март, меѓутоа, The East LA College Campus News објави дека сцена од филмот ќе се снима на рагби натпреварот помеѓу две колеџ екипи (East Los Angeles College и Victor Valley College). Снимањето ќе се одвива за време на полувремето и салата ќе биде замена за фиктивниот стадион на Готам Сити колеџот и неговата рагби екипа. Гостинскиот тим ќе биде Државниот Универзитет на Метрополис.

Warner Brothers бара статисти за сцената, а првите 2.000 кои ќе се пријават ќе добијат маички кои ќе ги имаат боите на Готам Сити колеџот (црна и златна) и се дизајнирани од режисерот Снајдер.

Batman vs Supermen ќе се појави во кино салите на 17-ти јули, 2015 година.

Објавено од admin на 16 October 2013, 11:34